Адетокумбо: Би ја менувал МВП титулата за злато на Мундобаскетот

Првата ѕвезда на кошаркарската репрезентација на Грција, Јанис Адетокумбо изјави дека признанието за најкорисен кошаркар во НБА лигата, веднаш би го заменил за освојување на Мундобаскетот со националниот тим.

„Би ја менувал МВП наградата за злато на Светското првенство. Посебно е чувството кога играш за репрезентацијата. Невозможно е да се опишат емоциите кои се јавуваат додека се интонира химната. Секој нов натпревар се чувствувам како да ми е прв. Реков многу пати, но ќе повторам. Се додека сум жив ќе играм за Грција“, изјави Адетокумбо. 

Грција на Светското првенство во Кина се наоѓа во групата Ф заедно со репрезентациите на Бразил, Црна Гора и Нов Зеланд.

Се вчитува...