Адетокумбо е број 1 во НБА, Дончиќ и Јокиќ во Топ 10

Грчкиот ас Јанис Адетокумбо е најдобар кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата, во гласањето на 70 новинари кои ја следат најсилната кошаркарска лига во светот. Вообичаено МВП-наградата ја доделува лигата, но не се знае како ќе биде извршено гласањето и кога тоа ќе се случи, со оглед на фактот дека не е одреден ниту нов термин во кој сезоната ќе продолжи.

Во меѓувреме, гласање си организираа новинарите, при што Адетокумбо собра 670 бода, пред Леброн Џејмс со 514. Интересно, само десет новинари во гласањето му дале повеќе гласови на „кралот Џејмс“ отколку на асот на Милвоки, кој лани беше избран за МВП на лигата. Третопласиран на листата беше Џејмс Харден со 220 бода, Лука Дончиќ е четврти со 171 бод, додека Никола Јокиќ е осми со 18 бода.

Вака изгледаше гласањето на новинарите ширум САД: Јанис Адетокумбо 670, Леброн Џејмс 514, Џејмс Харден 220, Лука Дончиќ 171, Каваи Ленард 118, Ентони Дејвис 58, Крис Пол 29, Никола Јокиќ 18, Паскал Сиакам 12, Демијан Лилард 4, Џејсон Тејтум 3, Бредли Бил 1.

 

Се вчитува...