Адетокумбо е МВП, а Лука Дончиќ руки на сезоната во НБА

НБА синоќа ја организираше централната церемонија на свеченото доделување признанија за најдобрите од изминатава сезона. Како што беше очекувано, наградата за МВП на изминатата сезона замина во рацете на Јанис Адетокумбо, кошаркарот на Милвоки.

Титулата руки на годината, пак, му припадна на Лука Дончиќ кој имаше одлична деби сезона во најсилната светска кошаркарска лига. Словенецот со извонредните изданија за Далас покажа дека се работи за неверојатен талент добивајќи 98 од можните 100 гласови за руки на годината.

 

Тренер на сезоната е Мајк Буденхолцер, а најдобар шести играч е Лу Вилијамс. И тоа беа единствените награди кои ги добија Американците. Гркот Адетокумбо е МВП, Словенецот Дончиќ – руки, најдобар дефанзивец е Руди Гоберт, додека Паска Сиакам ја доби наградата за кошаркар кој најмногу напредувал.

 

Се вчитува...