Адетокумбо ја напушти НБА

Танасис Адетокумбо потпиша двегодишен договор со Арис, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона, па 34-годишниот грчки кошаркар ќе се врати во својата татковина по повеќегодишна НБА кариера.

Адетокумбо се враќа во Грција како едно од најпрепознатливите имиња во европската кошарка. Неговата кариера беше обележана со голема енергија, физичка сила и лидерски вештини, па тој му носи на Арис богато искуство од НБА и репрезентативната кошарка.

Поголемиот дел од својата НБА кариера го помина во Милвоки Бакс, каде што играше заедно со својот помлад брат Јанис Адетокумбо. Со Бакс ја освои шампионската титула во НБА во 2021 година.

Танасис беше и член на грчката репрезентација, за која играше во неколку наврати и стана едно од попознатите лица на националниот тим од 2016 година.

Неговото доаѓање е сериозна порака за амбициите на Арис, кој ќе игра во Еврокупот следната сезона. Грчкиот клуб верува дека искуството и карактерот на Адетокумба можат да бидат значаен придонес за тимот и на теренот и надвор од него.

Се вчитува...