Адетокумбо: Не ме нарекувајте МВП

Најдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокумбо по победата над Црна Гора (85-60) во првото коло на Светското првенство во Кина, ги замоли новинарите да не го нарекуваат МВП, бидејќи сезоната во која беше прогласен за најкорисен кошаркар во НБА лигата е одамна завршена.

„Ве замолив да не ме нарекувате МВП. Тоа е веќе минато. Не сум јас најважниот кошаркар во репрезентацијата. Имам одлични момци покрај мене. Кога селекторот го составуваше тимот, тој пред се сакаше во него да има добри луѓе. Ние сме колектив и мојата МВП титула веќе одамна не е важна“, изјави Адетокумбо. 

Грците во второто коло на Мундобаскетот ќе се сретнат со Бразил, кој беше подобар од Нов Зеланд.

Се вчитува...