Адетокумбо се налути, настрада Нов Зеланд

Грција се пласирашае во втората фаза од Мундобаскет 2019, откако нашиот јужен сосед во клучниот меч од групата триумфираше над Нов Зеланд со 103-97. По разочарувачкиот пораз од Бразил пред два дена, овојпат работите во свои раце ги презеде Јанис Адетокумбо, кој ги покажа лидерските способности предводејќи ја својата селекција до значаен триумф.

Грците одиграа одлично во нападот во првата четвртина постигнувајќи 29 поени и поведувајќи со 29-20. Контролата над резултатот беше целосна, Нов Зеланд само за момент во третата четвртина дојде на четири поени разлика (70-66), за грчките кошаркари повторно да влезат во ритам и да не дозволат победата да им биде доведена во прашање.

Адетокумбо го заврши натпреварот со 24 поени, 10 скокови и 6 асистенции, Папапетру постигна 16, а Калатес 14 поени за грчкиот национален тим.

Се вчитува...