Адетокумбо потврди – Ќе игра за Грција на Мундобаскетот

Најкорисниот кошаркар сезонава во НБА лигата, Јанис Адетокумбо потврди дека ќе игра за репрезентацијата на Грција на претстојното Светско првенство во Кина.

„Се уште не сум разговарал со селекторот, не знам на која позиција ќе играм. Но тоа не ми е ни важно, важно ми е само да играм за својата земја. Јас сум кошаркар и моја работа е да им помогнам на моите соиграчи“, изјави Адетокумбо. 

На Мундобаскетот, Грција е во група со Црна Гора, Бразил и со Нов Зеланд.

 

 

Се вчитува...