Адетунџи и Радески за триумф на Шкупи и над Работнички (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкупи продолжуваат на патот кон шампионската титула, славејќи со 2-0 против Работнички во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во интересен натпревар, во голема мера израмнет, Шкупи поведе со погодокот на Сандеј Адетунџи во 51. минута од средбата.

Имаше дилема меѓу судиите околу регуларноста на погодокот, но на крај голот беше признаен и покрај пасивниот офсајд на Марко Ѓорѓиевски…

Во самиот финиш, во 91. минута на асистенција на Марко Ѓорѓиевски, Марјан Радески стрелаше за конечни 2-0.


Се вчитува...