Адиос Севилја: Долберг заминува во Бундес-лигата

Каспер Долберг предвреме ќе ја заврши својата авантура во дресот на Севилја, откако данскиот репрезентативец не се снајде најдобро во шпанскиот клуб. Севилја катастрофално ја стартуваше сезоната, Долберг не беше дел од плановите на Лопетеги, но минутажата значително не му се промени ниту со доаѓањето на Сампаоли на чело на тимот од Андалузија.

Зад името на Данецот остануваат запишани само 303 минути игра, вкупно на осум натпревари, во дресот на Севилја, без ниту еден постигнат гол, доволна причина тој самиот да инсистира на заминување. Долберг е во Севилја на позајмица од Ница, но и Данецот и самиот клуб се подготвени за предвремен прекин на соработката.

Се чини дека тој веќе го има најдено и новиот клуб, по информациите дека голгетерот веќе ги договорил личните услови со раководството на Хофенхајм. Овој бундеслигаш е во потрага по квалитетен голгетер, а 25-годишниот Данец одлично влегува во плановите на Хофенхајм, со оглед на фактот дека е слободен без отштета за следните шест месеци, со можност во текот на летово целосно да биде откупен неговиот договор со Ница.

Се вчитува...