Адис Хаџановиќ од Академија Пандев ја засили Брегалница

Босанскиот интернационалец Адис Хаџановиќ е шестото засилување за Брегалница низ досегашниот летен преоден рок.

29-годишниот Хаџановиќ, кој е последен играч за врска, зад себе има одлична сезона во дресот на Академија Пандев, од каде сега доаѓа во редовите на Брегалница.

Хаџановиќ зад себе досега има богата интернационална кариера настапувајќи за Олимпик Сараево и Слобода Тузла во шампионатот на БиХ, во црногорската Искра, за Истра во Хрватска, за естонскиот Номе Каљу како и за катарски Ал Ахли, по што сега треба да биде исклучително квалитетно засилување за средниот ред на „сините“.

Низ досегашниот преоден рок Брегалница се засили и со Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.

Се вчитува...