Чави Пасквал ја напушти клупата на Барселона, а раководството на каталонскиот клуб почна да бара негов наследник. На крајот, изборот падна на словенечкиот стручњак Александар Секулиќ.
Тој не беше првиот кандидат за клупата на Барса. Тоа беше тренерот на Басконија, Паоло Галбијати, но кога тимот од Виторија слушна дека Италијанецот е посакуван од голем ривал, одби да се раздели со него.
Кога челниците на Барселона сфатија дека ништо нема да излезе со Галбијати, се свртеа кон Александар Секулиќ. 48-годишникот наводно веднаш се согласил да го презеде гигантот од Каталонија.
Иако одлично се снајде во Дубаи, што му го донесе трофејот од АБА лигата, Барса сепак е многу поголем предизвик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
