Промашен пенал и уште четири зицери во првиот дел имаше Франција, која не успеа да го „отвори“ Мароко. Апсолутен херој беше голманот Јасин Боно кој го одбрани ударот од белата точка, а и шансите на Упамекано, Дуе и Дињ.
Но, во вториот дел им немаше спас на Мароканците. Во 60. минута Мбапе со ремек дело успеа да донесе предност за Французите.
Играчот на Реал Мадрид од дваесетина метри од место успеа да ја упати топката во десниот агол од голот на Боно, кој овојпат беше немоќен.
KYLIAN MBAPPE
pic.twitter.com/95T3OBrKMs https://t.co/kXiPyo7Zdu
— TC (@totalcristiano) July 9, 2026
Шест минути подоцна Дембеле погоди во мрежата за 2-0, и сега Франција е блиску до победата.
Unreal goal by Dembele pic.twitter.com/pTLWC1usyI https://t.co/RkcdULmALJ
— 𝐄𝐑 (@ErlingRoIe) July 9, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
