Франција промаши пенал и многу „зицери“, Боно е херојот на Мароко

Вистинско чудо е како Франција нема предност на полувремето во дуелот со Мароко во првиот 1/4 финален натпревар на Мундијалот. Французите промашија пенал, и најмалку три добри шанси за погодок.

А, светските вицепрваци уште од стартот наметнаа жестоко темпо, па веднаш се заканија преку Дембеле и Упамекано, но погодок немаше.

Најголемата шанса „триколорите“ ја имаа во 28. минута кога беше досуден пенал по консултација со ВАР судиите. Меѓутоа после долго чекање, Мбапе шутираше по земја, а Боно го прочита и успеа да му одбрани.

Голманот на Мароко е вистински херој, откако му одбрани и стопроцентна шанса на Дуе. Францускиот репрезентативец излезе сам пред голот, меѓутоа чуварот на мрежата на Мароко одлично интервенираше. Потоа му го одбрани и шутот на Дињ, откако од неговата рака топката заврши во пречката, и така пропадна и последната шанса за Франција да дојде до предност пред истокот на првиот дел.

Се вчитува...