Шпанскиот првак Барселона е блиску до ангажман на крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, објавуваат шпанските медиуми. Брзоногиот играч на „милионерите“ е пред заминување од Дортмунд, откако не се согласи на продолжување на договорот, кој истекува идното лето.
„Жолто-црните“ бараат 40 милиони евра за неговите услуги, но „Каталонците“„ сметаат дека може да го имаат за 20, со оглед дека идното лето тој би заминал бесплатно.
Германскиот репрезентативец е во Борусија од 2022 година откако дојде од Салцбург. За Германија одигра 11 меча, и постигна еден гол, но не беше во составот на „Бундестимот“ на Мундијалот кој е во тек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
