АЕК: Казнете го Динамо, како да излеземе на терен против нив после ова?

АЕК Атина доцна синоќа издаде соопштение во кое бара жестока казна за динамо Загреб. И сето тоа после нередите кои се случија во главниот град на Грција, при што еден навивач на грчкиот тим го загуби животот, а тројца се тешко повредени.

Од раководството на АЕК бараат жестоки казни за Динамо, и наведуваат дека згора на се хрватите го слават убиството на социјалните мрежи.

„Исто прашање кое ги мачи нашите навивачи, не мачи и нас: Како е можно после ваквото варварско убиство на Михалис од страна на група на криминалци од Хрватска, АЕК може да излезе на терен и да игра против овој тим?

Дали некои од нивните убијци ќе бидат на трибините? Дали таму ќе бидат нивните соучесници во злочинот, а на социјалните мрежи се слави убиството кое го сториле нивните пријатели? Оние кои се гордеат со убиство кое го сториле нивните соработници во организиран криминал?

Кој не тера да играме натпревари додека капе крвта на нашиот убиен навивач и останатите тешко повредени? Кога сите знаат дека оние кои дојдоа тука да убиваат се составен дел од таа организација против кои мораме да играме фудбал?

Дали лобирањето на Хрватите во УЕФА е поважно од човечки живот кои убијците го одзедоа? И се бара ли поради добро на европскит фудбал нашите играчи да ги тераме да играат како ништо да не се случило?

Постои само еден начин: Моментална и строга казна веднаш. Цивилизираниот европски свет тоа го чека. Заедно со АЕК“, стои во соопштението.

Натпреварот требаше да се игра синоќа во Атина, но поради нередите, УЕФА нареди првиот меч да се игра на 15. август во Загреб, а вториот на 19. август во Атина. Според последните најави, најверојатно и двата меча ќе бидат без присуство на публика, поради новонастанатата ситуација.

Се вчитува...