АЕК со жестоко соопштение: Немаше „ферка“, хрватските криминалци тепаа, а им помагаа и Грци

Грчкиот гигант АЕК преку клупско соопштение жестоко ги критикуваше хрватските хулигани за хаосот што настана синоќа и масовната тепачка во која животот го загуби еден навивач на АЕК.

Тој ги отфрли гласините дека станувало збор за „договорена пресметка“ на навивачите на двата клуба, тврдејќи дека станува збор за организиран напад од страна на хрватските хулигани, помогнати од навивачи на ривалски тим од Грција (медиумите веќе обелоденија дека станува збор за фанови на Панатинаикос).

„За жал, во овие трагични моменти во кои минуваме мораме да го имаме во предвид и обидот за искривување на сликата и смислување на лажни приказни. Едно треба да се знае – не постоеше договорена „ферка“ меѓу двете навивачи групи. Она што се случи е јасно – хрватските злосторници и нивните грчки помагачи заедно искоординираа и реализираа однапред смислен злочин. Во кругот на нашиот стадион, како што е тоа вообичаено, навивачите на АЕК на ден пред натпревар се собираат, пијат кафе, се дружат… Тоа се млади и стари лица, семејства што излегуваат заедно… Јас лично го напуштив стадионот во 21.30 часот и се беше нормално, како и секој друг ден. Јасно е дека не станува збор за никаква договорена пресметка. Криминалците бркаа и тепаа луѓе кои беа изненадени и неорганизирани, дел од нив не ни разбираа зошто тоа се случува… Покажете малку срам барем сега, професионални лажговци“, се вели во соопштението на АЕК.

Се вчитува...