Аеродром слави прв женски кошаркарски трофеј (Фотогалерија)

МЗТ Скопје стигна до првиот трофеј во женската кошарка откако аеродромки го добија денешното финале против Баскет Кам и заслужено се искачија на тронот во Купот на Македонија.

Охрабрени по полуфиналниот триумф над Вардар, кошаркарките на МЗТ одиграа импресивно, предводени од американските кошаркарки во сосаво го контролираа резултатот и заслужено се закитија со пехарот.

Славјето на МЗТ би можело да се комплетира вечерва, доколку и машкиот тим се закити со куп-трофеј во големото финале против тимот на Феникс 2010 што ан програмата е од 19.30 часот.

 

Се вчитува...