Аеродром со голем пресврт до триумф над Куманово

Ракометниот тим Аеродром на свој терен потешко од очекувањата го совлада составот на Куманово с0 28-23. Аеродромци имаа негатива по првиот дел, но во вториот се вратија во голем стил, и на крајот славеа триумф.

Гостите на полувремето имаа предност од 9-11. Меѓутоа во вториот дел немаа сила да му парираат на противникот. Куманово стигна и до 9-12, меѓутоа Аеродром почна полека да ја стигнува предноста. Клучна беше серијата на средината на вториот дел кога Кумановци прокоцкаа водство од 16-18, а потоа со три гола домашните стигнаа до предност. Ја зголемија и на +2, а потоа на крајот да стигнат и до три, највисоките на средбата.

Најефикасен кај Аеродром беше Костов кој постигна 12 гола, додека кај гостите се истакнаа Даневски и Тасевски со по пет.

Се вчитува...