Вториот натпревар од финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Маџари почна со едноминутно молчење во чест на прерано починатиот Симеон Анастасов – Мони, човек што со години наназад беше меѓу најистакнатите членови на навивачката група „Фемили Аеродром“.
Аеродромци се во шок по смртта на нивниот 45-годишен другар со кого долги години ја делеа трибината.
„Титулата е најмалку важна за нас во овој момент во кој тагуваме по големиот пријател, човекот со кого делевме и добро и лошо со години и години наназад. Мони, другар, брат…. секогаш ќе бидеш со нас…. Аеродром нема да те заборави“, порачуваат од „Фемили Аеродром“, во неверување по трагичната вест што ја добија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
