Бејл не се сели во Хетафе: „Јас немам ниту број од нив“

Во шпанските медиуми вчера беше објавена информација дека Герет Бејл одлучил со неговото семејство да продолжи да живее во Шпанија, и дека наводно Велшанецот бил понуден на Хетафе.

Експресно стигна демант, и тоа од агентот на Бејл, Џошуа Барнет, кој јасно ставил до знаење дека станува збор за „лажна вест“ на шпанската медиуми.

„Па јас дури немам ниту број од претседателот на Гетафе. Герет не оди таму“, истакнал Барнет.

Бејл е блиску до враќање во Англија, а како негова следна дестинација се споменува Кардиф Сити кој сака догодина да се врати во Премиерлигата.

Се вчитува...