Агим Ибраими двоен стрелец за Домжале

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими се враќа во својата некогашна форма, кога блескаше во дресот на Марибор во словенечкото првенство. Тој сега е член на Домжале и постигна два гола во денешниот триумф (1-4) на својот тим на гости против Рудар Велење.

Ибраими ја отвори серијата голови за Домжале во третата минута од натпреварот, а потоа и ја затвори во 74.минута. Домжале во моментот е второпласиран тим на табелата во Словенија, со десет бода негатива во однос на лидерот Олимпија.

Фото: www.ekipa24.si

Се вчитува...