Агим Ибраими и Стефан Ашковски повикани во А-репрезентацијата, по неколкуте откажувања

Фудбалерот на албански Кукс, Агим Ибраими и Стефан Ашковски од романски Ботошани добија дополнителен повик за мартовскиот собир на А-репрезентацијата во квалификациите за СП 20222, по неколкуте откажувања од првичниот список на селекторот Игор Ангеловски.

Ибраими и Ашковски добија повик за дуелите против Романија, Лихтенштајн и Германија, откако претходно поради повреда отпадна Иван Тричковски, а Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов се позитивни на коронавирус.

Неизвесен е настапот и на Аријан Адеми кој се пожали на повреда по осминафинафиналниот натпревар за Динамо Загреб против Тотенхем во Лигата на Европа.

Македонската репрезентација утре ја очекува првиот собир и старт на тренажниот процес пред заминувањето за Букурешт и натпреварот со Романија на 25. март.

Се вчитува...