Агим Ибраими официјално промовиран во дресот на Динамо Тирана. По разделбата со Кукс, најдобриот стрелец изминатата сезона во албанскиот шампионат се сели во Динамо Тирана.
Ибраими, на тој начин, се приклучува на плејадата македонски фудбалери во редовите на Динамо.
Од неодамна нов член на клубот е и поранешниот младински репрезентативец Бесир Демири, кој исто така пристигна од редовите на Кукс, како и Горан Силјановски и Александар Исаевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА