Агим Ибраими стрелец за победа на Кукс

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими во третиот натпревар во дресот на албанскиот суперлигаш Кукс го запиша и првиот погодок.

Во 4. коло од шампионатот на Албанија, Ибраими стрелаше за победа на Кукс од 1-0 против Лачи. Македонскиот офанзивец погоди во 43. минута од средбата.

Претходно, Ибраими има и два гола сезонава за Кукс во Купот на Албанија.

Се вчитува...