Агим Ибраими: Треба да покажеме карактер, его, квалитет и низ овој квалификациски циклус

Повратникот во македонската репрезентација, Агим Ибраими е максимално мотивиран пред новиот квалфикациски циклус за пласман на СП 2022.

По речиси шест години Ибраими е повторно во националниот тим сега, како што вели, со цврста желба да се продолжи претходно почнатиот пат.

„За мене е чест што сум повторно во репрезентацијата. Секогаш претходно го давав максимумот за репрезентацијата, па така ќе биде и сега. Мислам дека сите играчи се во добар ритам, и треба само да се пренесе сето тоа тука во репрезентацијата. Јасно е дека со пласманот на ЕП сега секој противник максимално сериозно ќе пристапи на натпреварите со Македонија, но со вистински наш пристап, со карактер, со его, со максимум на терен секако можеме до нови успеси“ – вели Ибраими, притоа дополнувајќи:

„Дали ќе играм, тоа одлучува селекторот. Јас сум тука ако може да помогнам од секаков аспект, ако добијам и една минута на терен знам дека ќе дадам максимум колку можам да помогнам да се остварат целите и низ овој квалификациски циклус“.

Се вчитува...