Агон Елези со два гола му го расипа дебито на Ангеловски во Горица (ВИДЕО)

Вараждин го совлада тимот на Горица предводен од Игор Ангеловски, кој на своето деби доживеа пораз на ова гостување. И тоа на Мрме дебито му го расипа македонскиот интернационалец Агон Елези, кој постигна два гола и ја донесе победата од 2-1.

Ангеловски не најде решение за Елези, кој најпрво во 10. а потоа и во 43. минута успеа да донесе предност од 2-0, а Јуриќ во вториот дел само намали за Горица.

Горица со тоа го забележа четвртиот пораз, и се наоѓа на претпоследното место на табелата заедно со Ријека, додека Вараждин добро го почна првенството и во моментов е на третата позиција.

Агон Елези најверојатно ќе биде повикан од Благоја Милевски за септемвриските натпревари во Лигата на Нации против Грузија и против Бугарија.

Се вчитува...