Агон Елези со победнички гол за Сараево и индивидуална награда

Одличната сезона во БиХ, македонскиот интернационалец Агон Елези ја заокружи со победнички гол за Сараево, во последниот натпревар од сезоната, со кој неговиот тим славеше над градскиот ривал Железничар со 1-0.

Елези погоди во третата минута од судиското надополнување во првиот дел, и тоа беше единствен гол на мечот.

Играчот од средниот ред имаше одлична сезона, со оглед дека го постигна деветтиот гол за својот тим во сезоната. Тој ќе се приклучи на репрезентацијата која се подготвува за гостување токму во Сараево на БиХ, а потоа и во Истанбул на Турција.

Пред мечот Елези ја доби и наградата „најборбен играч на сезоната“, која ја доделуваат навивачите на овој клуб.

Се вчитува...