Aгон Елези стрелец за Сараево во победата над Радник Бјелина (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Агон Елези е херој на својот Сараево во победата на Радник Бјелина од 1-2 во натпревар од 29. коло од Првата лига на Босна и Херцеговина.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Горзи во 38. минута. Нашиот Елези во судиското надополнување во првиот дел успеа да израмни на 1-1, додека гостите славеа со 1-2 со погодокот на Иванишевиќ во 53. минута.

Елези го одигра целиот натпревар за својот тим.

Се вчитува...