Агуеро: Барселона е чекор напред, среќен сум што потпишав за најдобриот клуб во светот

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро денес потпиша двегодишен договор со Барселона. Искусниот фудбалер дојде на „Камп Ноу“ од Манчестер Сити со ореолот на најдобар стрелец кај тимот на „граѓаните“ во целокупната историја.

Агуеро не го криеше задоволството што потпиша за тимот од Каталонија, па потенцираше дека е премногу среќен што ќе игра за боите на најдобриот клуб во светот.

„Сите знаеме дека Барселона е најдобриот клуб во светот. Мислам дека донесов одлична одлука. Се разбира, ова е чекор напред за мене. Јас сум многу среќен. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот да освои што е можно повеќе титули. Како прво, сакам да играм и да им помагам на моите соиграчи. Ако на тимот му оди добро, јас ќе бидам среќен. Ги поздравувам сите наши навивачи и ветувам дека ќе дадам се од себе за да го исполнам ветувањето. Се надевам дека навивачите ќе можат да уживаат во мојата игра“, изјави Агуеро.

Агуеро доаѓа во Барселона како слободен играч, а договорот содржи и клаузула за обештетување од 100 милиони евра доколку некој клуб сака да го купи пред истекот на соработката со „Каталонците“.

 

 

Се вчитува...