Агуеро и Депај на чекор до потпис со Барселона (ФОТО)

Барселона полека, но сигурно се подготвува за новата сезона во која ќе има променет изглед и најверојатно ќе може да смета на услугите на Серхио Агуеро и Мемфис Депај. Договорот на овие два играчи со Манчестер Сити, односно Лион истекува на крајот на сезоната, а како што пренесува познатиот новинар, Фабрицио Романо само потпис ги дели од каталонскиот дрес.

Искусниот аргентинец по точно десет сезони ќе го напушти Манчестер, а и покрај тоа што имал понуди од три клуба, 32-годишникот се одлучил за Барселона. Притоа прифатил и помала плата, но и договор до 2023 година. Холанѓанецот беше желба на Куман по доаѓањето на „Камп Ноу“, тогашните преговори не се реализираа, но овој пат се очекува спротивното.

Се вчитува...