Агуеро: Кога објавија дека Меси си оди од Барса, мислев дека е хакирана веб-страницата

Неодамна пензионираниот напачаѓ Серхио Агуеро, се присети на мигот кога било објавено дека неговиот соиграч од репрезентацијата Лионел Меси ја напушта Барселона. Агуеро потоа пристигна во Барселона, но по кратко време мораше да го напушти фудбалот откако му беа најдени проблеми со дишењето.

Тој откри што разговарале со Меси на Копа Америка во 2021 година, кога беше објавено дека заминува од Барселона.

„Кога бевме на Копа Америка, Меси имаше дрес од Барселона во својата соба. Ми рече: „мислам дека ќе ми го обноват договорот. Потоа ќе се фотографираме со овој дрес“. За непродолжувањето не треба да се обвинува Меси. Тој не беше вклучен во преговорите, и мораше на крај да верува во тоа што му беше кажано. Кога беше објавено дека Меси заминува, мислев дека некој ја хакирал страницата и социјалните мрежи на Барселона. Мислев дека е шега. Седевме со другари на маса, и одеднаш едниот извика: „Не! Ова е вистина?“. Ми го покажа телефонот и имаше објава од Барселона. Реков тоа не е можно, веднаш кажав дека е хакирана страницата. Решив да почекам неколку часа, но објавата и натаму беше присутна, и сфатив дека е вистина“, рече Агуеро.  

Се вчитува...