Агуеро по десет години го напушта Сити: Пред промоција во Барселона

Се е договорено околу трансферот на Серхио Агуеро од Манчестер сити во Барселона.

33-годишниот Агуеро, по десет години ги напушта „граѓаните“, а кариерата сосема извесно ја продолжува во Барселона каде прифатил да игра за многу помала плата од онаа која ја добиваше во Манчестер.

Барселона, пак, со ангажманот на Агуеро се обидува и да го омекне Меси околу потпис на нов договор, ако се знае дека и двајцата се одлични пријатели.

Агуеро се враќа во Ла Лига каде во периодот од 2006 до 2011 година го носеше дресот на Атлетико Мадрид, постигнувајќи 101 гол во 234 натпревари.

Се вчитува...