Агуеро пред потпис со Барселона, откриени сите детали за доаѓањето на Аргентинецот

Серхио Агуеро ќе потпише двегодишен договор со Барселона, а денес сè треба да биде официјализирано. Аргентинецот доаѓа од редовите на Манчестер Сити.

По потписот со каталонскиот клуб, Агуеро веднаш ќе лета за Аргентина, која се подготвува за Копа Америка. Серхио вчера испрати проштална порака до навивачите на Сити кои засекогаш ќе го паметат како икона на клубот.

Одличниот аргентински напаѓач пред заминувањето од Манчестер упати благодарност до фановите и клубот.

“Горд сум на овој тим и благодарам што ги носев овие бои толку многу години. Манчестер Сити ќе биде засекогаш во моето срце, им благодарам на сите фанови за досегашната поддршка”, рече Агуеро.

Серхио во последните десет години одигра вкупно 390 натпревари за „граѓаните“ и постигна феноменални 260 гола. Аргентинецот освои 15 трофеи, од кои пет беа шампионски во Премиер-лигата, но тој и неговиот тим останаа без трофејот во Лигата на шампионите, откако сезонава загубија од Челси.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Leonel Agüero (@kunaguero)

 

Се вчитува...