Агуеро во јуни ќе бира меѓу Тотенхем и Челси

Серхио Агуеро и дефинитивно на крајот од сезоната го напушта Манчестер сити. По завршувањето на договорот, од клубот потврдија дека не планираат продолжување на истиот: Со тоа ќе биде ставен крај на успешната соработка што трае од 2011 година, кога „граѓаните“ за сума од 35 милиони фунти го доведоа во Манчестер од редовите на Атлетико Мадрид.

Аргентинецот веќе е во потрага по нов клуб. Се поврзува со бројни тимови ширум Европа, но како што самиот вели сака единствено да остане во Англија. 32-годишниот напаѓач, според пишувањето на британски „Телеграф“, ќе одлучува единствено меѓу Тотенхем и Челси. Само поради желбата да остане во Англија подготвен е да игра и во клуб кој следната сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите.

Агуероодигра 384 натпревари и постигна 257 гола за Манчестер сити , учествувајќи во најголемите успеси на клубот во историјата.

Се вчитува...