МЗТ Скопје Аеродром ги доби противниците во ФИБА Еврокупот

Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром денеска на ждрепката во седиштето на ФИБА во Европа ги доби противниците во групната фаза во Еврокупот на ФИБА.

Ждрепката одлучи македонскиот шампион да се најде во групата E заедно со екипите на АЕК Ларнака од Кипар, германски Вурзбург, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и Варшава од Полска.

Новата сезона во ова натпреварување започнува на 6. и 7. октомври.

Се вчитува...