Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години го запиша вториот триумф на Европското првенство кое што се игра во Романија.
Нашите надежи денеска во меч за разигрување од 17. до 24. место славеше против репрезентацијата на Турција со убедливи 41-24.
Македонија одлично го отвори натпреварот и веќе на пауза имаше предност од убедливи 20-11. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 41-24. Мики Лазов со девет гола беше прво име во нашиот табор, додека кај поразените Кадир Шахин Ајилдиз постигна пет гола.
Противник на нашиот национален тим во разигрувањето од 17. до 20. место ќе биде репрезентацијата на Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
