Малдини го избра новиот селектор на Италија

Доколку Федерацијата го одобри предлогот на Паоло Малдини, Андреа Пирло ќе биде новиот селектор на Италија.

Новиот технички директор на Сојузот, прославениот Малдини, веќе ја донесе, засега, најважната одлука откако беше назначен на оваа значајна функција.

Неговиот избор за нов селектор е Андреа Пирло, објавија италијанските медиуми.

„Се уште нема ’бел чад‘ и има време за повредениот италијански фудбалски тим да го дочека својот нов предводник на клупата. Но, на теренот веќе постои цврста точка, или подобро кажано, почетна точка: Паоло Малдини, техничкиот директор на ’аѕурите‘, го посочи Пирло како свој избор за иднината на националниот тим“, пишува „Газета“.

Се разбира, Малдини нема да го има последниот збор во оваа деликатна одлука, донесена во тежок момент за италијанската репрезентација.

Се вчитува...