Силекс против Динамо Минск за зачувување на предноста од првиот меч

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс вечерва брка пласман во следната фаза од Лигата на конференции на стадионот на ФФМ.

Кратовци од 20  часот ја пречекуваат екипата на Динамо Минск во реванш натпреварот од првото квалификациско коло. Македонскиот претставник влегува во овој дуел со одлична предност од 1-0, обезбедена на првиот меч во Стара Загора минатиот четврток.

Тренерот на Силекс, Александар Васоски вели дека добро знаат што ги чека.

„Знаеме добро што не очекува. Имаме против себе незгоден ривал, но на првиот меч покажавме дека знаеме да играме на резултат. Ова е историска шанса на генерацијата. Ќе направиме се што е во наша можност да не загубиме. Погубно би било да се повлечеме од првата минута, а доколку сме во можност ќе се обидеме да постигнеме и гол. Противникот е во подобар ритам од нас. Одиграа 15 меча во првенството и се лидери на табелата. Ние немаме таков ритам, но секако веруваме дека може да се пласираме во следното коло”, рече Васоски.

Се вчитува...