Агуеро заминува од Сити, се чекаат понуди од Барселона и Јувентус

Кун Агуеро најверојатно ќе замине од Англија. Напаѓачот, кој има многу проблеми со повредите, речиси и да не расмислува да ја продолжи соработката со Сити. Тој има понуда од Јувентус, но ја чека Барселона. Големите проблеми со повредите го „скршиле“ напаѓачот на Аргентина, па Каталонците веруваат дека Кун биде клучен адут за да се убеди Меси да остане во Барса. Јасно е дека доколку пристигне неговиот најдобар пријател, Лео веројатно ќе размисли двапати дали да ја напушти Каталонија.

Медиумите во Англија се повеќе зборуваат за можната опција најдобриот напаѓач на Сити да замине од клубот, а сега шансите се’ уште поголеми, затоа што Агуеро сака да игра со Меси, а доколку ништо не се договори со Барселона, тогаш втората опција е Торино.

Пеп Гвардиола е подготвен за вакви можни промени во неговиот клуб, па според медиумите, тој веќе почнал тајни разговори со Халанд и Мбапе, како можни замени за ѕвездата на Аргентина.

Се вчитува...