Ајакс го „здроби“ ПСВ со „петка“ (ВИДЕО)

И на дербито во Холандија паднаа пет гола, и тоа една иста мрежа. Ајакс го совлада ПСВ со 5:0, и се зацврсти на првото место на табелата.

Бергхајс во 19. минута донесе 1:0, а Але со 56. минута зголеми на 2:0. Ентони, Класен и Тадиќ ја запечатија судбината на тимот од Ајндховен.

За Ајакс ова беше важна победа, со која се оддалечи од вторпласираниот ПСВ со плус четири бода.

Се вчитува...