Ајакс има нов „бисер“, Тотенхем и Дортмунд пројавија интерес

Играчот од средниот ред на Ајакс, Мохамед Кудус би можел кариерата да ја продолжи во некој од големите клубови. Според „Билд“, за него се интересира Борусија Дортмунд. „Милионерите“ наводно се подготвени да достават понуда до играчот. Фудбалерот во моментов е проценет на 10 милиони евра, а неговиот договор истекува во 2025 година. Меѓутоа тешко дека Ајакс ќе се согласи на толку мала сума.

Кудус во Ајакс дојде од Нордсјиланд, а оваа сезона „царува“ во Лигата на шампионите, каде игра како напаѓач на местото на Себастијан Халер кој замина во Борусија Дортмунд.

Освен Борусија Дортмунд, за неговите услуги се интересира и Тотенхем. Тој игра за селекцијата на Гана, а се очекува да биде дел и од Мундијалот во Катар кој се игра на крајот од оваа година.

Се вчитува...