Ајакс со нов рекорд: Најмлад тим во историјата на Ередивизие

Ајакс ја загуби титулата во Холандија за само еден бод во однос на Феенорд, но продолжи во свој стил, да настапува со младинците од својата школа. На вчерашниот последен меч во шампионатот, Ајакс постави и нов рекорд, за најмлад тим што истрчал на теренот во историјата на Ередивизие.

Првите единаесетмина на Ајакс во просек имаа 20 години и 139 дена, а највозрасен на теренот беше капитенот Дејви Класен со 24 години.

ajaks protiv vilem vtori

Се вчитува...