“Ајде, сликај се со Меси! Не благодарам, нема”

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо откри многу интересен детал од почетокот на неговата кариера. Тој го привлече вниманието откако кажа дека го молеле да се слика со Лионел Меси, а тој воопшто не сакал да слушне за такво нешто.

Во интервју за шпански „АС“, Олмо се присетил како во детството имал прилика да се фотографира со ѕвездата на Барселона, а тој одбил заедничка слика, барем за момент.

“Пред да дојдам во Ла Масија, ми пријде пријател на татко ми и ми рече: Ајде, сликај се со Меси. Реков:Не благодарам, не ми треба таква слика! Имав осум години и кој друг одбива да се фотографира со Меси? На крајот бев фотографиран против моја волја, но морам да истакнам дека на крајот мило ми е што ме натераа да го сторам тоа затоа што имам прекрасно сеќавање кое како слика го урамив и стои во мојот дом“, рече Олмо.

 

Се вчитува...