Ајзеа Рајдер се потсетува: Шекил ми понуди 10.000 долари за да се истепам со Коби

Осум години Коби Брајант и Шекил О’Нил ја чинеа најдобрата двојка во НБА лигата. На Лејкерс им донесоа три трофеи по ред. Коби и Шек беа ненадминливи, пред јавноста се чинеше дека се е идеално, но меѓу нив и тоа како постоеле несогласувања.

Коби отсекогаш бил човек луд по кошарката, дисциплиниран и вреден. А таа работна етика му недостасувала на робусниот центар, поради што се повеќе доаѓале до меѓусебен судир. Коби трпел, но едноставно „експлодирал“ по поразот од Детроит во финалето во 2004 година. Повеќе не можеле ниту да се гледаат меѓу себе, ЛА Лејкерс дошле во ситуација да мора да се ослободат од еден, и се одлучија за Шекил О’Нил.

Од тогаш секогаш се спомнува тоа непријателство меѓу нив. Одбиваа во медиумите да зборуваат за себе, па поради тоа се уште точно не се знае како дојде да се раздели најдоминантната кошаркарска двојка и двајца добри пријатели. Цели две години требаше да поминат за да се извинат еден на друг. Тоа го направи Коби пружајќи му рака на Шекил.

Ајзеа Рајдер во периодот од 2000 до 2001 година ја делеше соблекувалната во Лејкерси со Коби и Шекил.

„Кога пристигнав меѓу лејкерси, Шек ми рече: ‘Ако успееш да се истепаш со Коби ќе ти дадам 10.000 долари’. И беше навистина сериозен. Си помислив, ајде бе луѓе играјте кошарка. Мислев дека се луди. Знаев дека веднаш ќе летав од екипата ако се впуштев во физичка пресметка со тој човек“ – се потсетува Рајдер.

Но, и Коби беше тешко да го исфрлиш од такт. Има многу сведочења дека Шекил се обидувал на разни начини да го испровоцира и да направи инцидент, но никогаш не му успеало.

Се вчитува...