Академија ФМП како на тренинг против Кожув (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Академија ФМП им се врати на победите во мак-баскетот откако на домашен терен во 14. коло славеше над Кожув со 92-64. Избраниците на Александар Петровиќ текот на мечот го најавија уште од самото отварање, доминираа во рекетот каде од минута до минута го зголемуваа водството кое веќе на полувремето стигнаа до 44-23. Домаќините продолжија со високиот ритам во нападот и во продолжението од мечот во, умешно ги користеа грешките на „црвено-белите“ и сосема заслужено стигна до деветтата победа во првенството.

Филип Бакоч беше првото име кај „академиците“ со 19 поени и 8 скока, 15 поени додаде Лука Стојановски, додека со 14 поени и 7 скока натпреварот го заврши Филип Стојановски. По 13 поени забележаа Ајви и Крстајиќ. Кауерд со 22 поени, 7 скока и 5 укардени топки беше лидер на гостите, додека него го следеше Главчев во 13 поени.

 

Се вчитува...