Академија Пандев дел од меѓународниот турнир „Драган Манце куп 2020“

Генерацијата на Академија Пандев 2008 ќе учествува на годинашното издание на меѓународниот фудбалски турнир „Драган Манце куп 2020“. Турнирот кој ќе се одржи во Белград на програмата ќе биде во периодот од 19. до 21. јуни, а првиот натпревар Академија Пандев ќе го игра на 19. јуни против Олимпик Белград. Покрај македонскиот тим дел од купот ќе бидат и клубови како Црвена Звезда и Партизан. Натпреварите од групната фаза ќе се играат на 19. и 20. јуни, додека на последниот ден од турнирот ќе бидат мечевите за пласман.

Легендарниот Драган Манце кој дресот на Партизан го носеше во периодот од 1980 до 1985 година, загина на 3. септември 1985 година во сообраќајна несреќа на 22-годишна возраст. За репрезентацијата на Југославија забележа четири настапи.

Се вчитува...