Академија Пандев до свој прв историски трофеј, или втора титула за „лавовите“!?

Македонија ЃП и Академија Пандев денеска од 18:30 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го играат 27-то финале од Купот на Македонија.

Македонија ЃП по третпат ќе игра за титулата во Купот на Македонија, додека за Академија Пандев ова е прв финален натпревар и прва можност да стигне до својот историски прв трофеј во македонскиот фудбал. Тоа и тоа како го знаат „пандевци“ кои носат огромен мотив во битката за трофејот…

„Ќе биде тежок и неизвесен натпревар, но силно сме мотивирани за победа. Посакуваме да напишеме историја за нашиот млад клуб со првиот трофеј во македонскиот фудбал“ – вели капитенот на Академија Пандев, Сашко Пандев.

„Лавовите“, пак, имаат еден трофеј од најмасовното домашно клупско натпреварување кога во сезоната 2005/06 кога беше совладана Шкендија со 3-2. Три години подоцна Македонија ЃП загуби од Работнички со 2-0, а по една деценија ќе има нова шанса за освојување на пехарот од Купот на Македонија. Академија Пандев минатата сезона по изведување на пенали загуби од Пелистер во полуфиналето.

1992/93   Вардар – Пелистер 1:0
1993/94   Силекс – Пелистер 1:1 (4:2) пенали
1994/95   Вардар   – Силекс 2:1
1995/96   Слога Југомагнат – Вардар   0:0 (5:3)   пенали
1996/97   Силекс – Слога Југомагнат 4:1
1997/98   Вардар – Слога Југомагнат 2:0
1998/99   Вардар – Слога Југомагнат 2:0
1999/00   Слога Југомагнат – Победа 6:0
2000/01   Пелистер – Слога Југомагнат 2:1
2001/02   Победа – Цементарница 3:1
2002/03   Цементарница – Слога Југомагнат 4:4 (3:2) пенали
2003/04   Слога Југомагнат – Напредок 1:0
2004/05   Башкими – Маџари Солидарност 2:1
2005/06   Македонија ЃП – Шкендија 3:2
2006/07   Вардар – Победа 2:1
2007/08   Работнички Кометал – Милано 2:1
2008/09   Работнички – Македонија ЃП 1:1 (6:5) пенали
2009/10   Тетекс – Работнички 3:2
2010/11   Металург – Тетекс 2:0
2011/12   Ренова – Работнички 3:1
2012/13   Тетекс – Шкендија 1:1 (6:5) пенали
2013/14   Работнички – Металург 2:0
2014/15   Работнички – Тетекс 2:1
2015/16   Шкендија – Работнички 2:0
2016/17   Пелистер – Шкендија 0:0 (4:3) пенали
2017/18   Шкендија – Пелистер 3:0
2018/19   МАКЕДОНИЈА ЃП– АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Се вчитува...