Академија Пандев е осамен лидер во Првата лига по пресврт-триумфот над Ренова (ВИДЕО)

Фудбалерите на Академија Пандев се осамени лидери на табелата по четвртото коло од Првата македонска фудбалска лига откако славеа со пресврт против Ренова на дуелот кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

„Пандевци“ триумфираа со 2-1 благодарение на двата погодоци во вториот дел, откако Ренова поведе со погодокот на Фатјон Јусуфи во 24. минута.

Академија Пандев со убавиот погодок на Андреј Стојчевски во 49. минута од средбата успеа да израмни на 1-1.

А, конечната победа од 2-1 следеше со голот на Кристијан Велиновски во 56. минута.

Се вчитува...