Академија Пандев ги скроти „лавовите“, Работнички и го нанесе првиот пораз на Брегалница (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 6. КОЛО….

Струга: СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ (1-0)

Галевски 90’+4

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА (2-0)

Лука Станковски 28′, Ристевски 83′(п)

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР (2-1)

Иван Гонзало 5′, Трајковски 56′ – Принц Ампонсах 43′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)

Бихорац 21′, Мирчевски 45′, 61′, Лукас Сантош 90′ – Воша 1′

Кавадарци: ТИКВЕШ – РЕНОВА (0-2)

Рамадани 24′, Селмани 90’+4

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (14.09 – 15 ч.)

=====================================================================================

  • Крај и на натпреварот во Струга, победа на Струга ТЛ во последните секунди од средбата против Скопје!

СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 90’+4 – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Со погодокот на Иван Галевски во 94. минута Струга доаѓа до водство против Скопје!

  • Ренова славеше на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со 0-2!
  • Борец триумфираше на натпреварот против Пелистер со 2-1.
  • Крај и на дуелот во Скопје каде Работнички славеше против Брегалница со 2-0 со головите на Лука Станковски и Ристевски од пенал.
  • Крај на натпреварот во Струмица. „Лавовите“ поведоа со голот на Воша уште во 1. минута во дербито на гостувањето против Ак. Пандев, но тоа само ги налути „пандевци“ кои потоа со четири гола дојдоа до убедлива победа од 4-1!

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)

4-1 – 90′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Лукас Сантош ја заокружува убедливата победа на Академија Пандев во дербито со Македонија ЃП


РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА (2-0)

2-0 – 83′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Азиновиќ прави прекршок за пенал, а ударот од белата точка успешно го реализира Александар Ристевски


СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ (0-0)

!!! – 66′ – ПЕНАЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Но, Валентин Кочоски не успеа да го реализира ударот од белата точка за стружани. Андреја Ефремов го брани неговиот шут!


АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

3-1 – 61′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Акција по десната страна за домашните, топка за Мирчевски пред голот на „лавовите“ кој прецизно стрела за 3-1

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР (2-1)

2-1 – 56′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Одличен погодок на Лука Трајковски кој со шут од 20 метри носи ново водство за велешани

ТИКВЕШ – РЕНОВА (0-1)

!!! – 52′ – Сомнителен момент – Христов постигнува гол за Тиквеш, но поништен поради офсајд-позиција

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 6. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

2-1 – 45′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Мирчевски со шут од десеттина метри откосо носи водство за „пандевци“


БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 43′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Одлична акција на „пелистерци“ која мајсторски со погодок со глава ја завршува Принц Ампонсах


РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

36′ – Нова 100% шанса за Брегалница. Ѓокиќ одлично го проигрува Ескиќ кој осамен избива на 15 метри пред голот на Работнички, но во последен момент спречен од домашната одбрана

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

35′ – Обид на Азиновиќ со глава, но над голот на домашните

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

1-0 – 28′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Брз контранапад на Работнички, Лука Станковски помалку среќно во мешаницата пред голот со гради постигнува гол


ТИКВЕШ – РЕНОВА (0-1)

0-1 – 24′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Брз контранапад на „гипсарите“ и Емран Рамадани по нафрлањето од левата страна погодува од десеттина метри


РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

24′ – Нов атак на фудбалерите на Брегалница, но во последен момент расчистува одбраната на Работнички

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 21′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Струмичани со голот на Бихорац го израмнуваат резултатот против Македонија ЃП


РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

10′ – Брегалница поофанзивна низ првите минути од средбата со поотворена желба за погодок

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 5′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Одлична акција на велешани, Гонзало Иван со шут од 12 метри прецизно стрела за 1-0


АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 1′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Арби Воша уште во 1. минута носи водство за Македонија ЃП во Струмица

  • Натпреварите од 6. коло во ПМФЛ почнаа со едноминутно молчење во чест на починатите 14 лица од големата трагедија во Тетово пред три дена

 

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 6. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати почетните состави и за дуелот во Струмица меѓу Академија Пандев и Македонија ЃП

  • Познати се составите за пресметката во Скопје меѓу Работнички и Брегалница

======================================================================================

Во 6. коло од ПМФЛ дерби натпреварите во Скопје и во Струмица. Академија Пандев во Струмица го пречекува тимот на Македонија ЃП, а во Скопје Работнички ќе се соочи со Брегалница.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...