Академија Пандев освежена, а Ренова во налет: Звучи како примамлив дуел

Академија Пандев зема малку повеќе здив од останатите прволигаши поради одложениот натпревар во претходното коло, па избраниците на Југослав Тренчовски освежени влегуваат во денешната нова битка за бодови. На гости им доаѓа залетаната Ренова, која прикажува одлични игри во пролетниот дел од првенството. Ќе биде тоа интересен дуел, се очекува отворен фудбал, за гол повеќе од противникот.

„Подготвени сме за жестока битка“, порачуваат од таборот на Академија Пандев.

Овој меч ќе се одигра на стадионот „Кукуш“ во Турново, со оглед дека и Беласица е домаќин. Тимот што го предводи Ѓоко Хаџиевски денеска на „Младост“ ќе ги одмери силите со Шкупи со надеж дека ќе освои важни бодови во обидот за обезбедување опстанок. На последните два меча и двете екипи имаат порази.

ПМФЛ – 25. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

СКОПЈЕ: Македонија ЃП – Работнички

ТЕТОВО: Шкендија – Победа

СКОПЈЕ: Вардар – Силекс

ТУРНОВО: Академија Пандев – Ренова

СТРУМИЦА: Беласица – Шкупи

 

Се вчитува...